41 милион евра ќе добие владата од ланскиот ќар на Телеком. Акционерите денеска се договорија дивидендата да почне да се исплаќа на средината на овој месец, а ќе се дели вкупниот профит на Ти хоум и Ти мобајл од 2009 тежок 105 милиони евра. Покрај владата која е сопственик на 34 проценти од акциите, најголем дел од колачот или околу 61 милион евра од заработувачката ќе им припадне на мнозинските сопственици од Дојче Телеком, околу 3 милиони евра ќе поделат акционерите, физички лица. Висината на исплатената дивиденда ќе изнесува 75,01 денар по акција. Исплатата на дивидендата ќе се изврши од 12 јули до 25 јули. Владата не открива за кои проекти конкретно ќе ги троши парите од заработувачката на Телеком. Ставот на Министерството за финансии е дека средствата од дивидендата на Телеком се приливи во буџетот и истите се користат за буџетски потреби, односно за сите обврски кои се наведени на расходната страна, од капитални инвестиции до тековни потреби.
41 милион евра ќе добие владата од ланскиот ќар на Телеком.
Акционерите денеска се договорија дивидендата да почне да се исплаќа на средината на овој месец, а ќе се дели вкупниот профит на Ти хоум и Ти мобајл од 2009 тежок 105 милиони евра.
Покрај владата која е сопственик на 34 проценти од акциите, најголем дел од колачот или околу 61 милион евра од заработувачката ќе им припадне на мнозинските сопственици од Дојче Телеком, околу 3 милиони евра ќе поделат акционерите, физички лица.
„Висината на исплатената дивиденда ќе изнесува 75,01 денар по акција. Исплатата на дивидендата ќе се изврши од 12 јули до 25 јули“; вели Зоран Трајчевски, собрание на акционери на Телеком.
Владата не открива за кои проекти конкретно ќе ги троши парите од заработувачката на Телеком. Ставот на Министерството за финансии е дека средствата од дивидендата на Телеком се приливи во буџетот и истите се користат за буџетски потреби, односно за сите обврски кои се наведени на расходната страна, од капитални инвестиции до тековни потреби.
Одлуката за поделба на ланскиот ќар на Мактел падна откако минатиот петок се одложи акционерското собрание со образложение дека спорен бил датумот.
СДСМ смета дека зад еднонеделното пролонгирање сепак стои договор меѓу владата и Маѓар Телеком реализиран со измените на законот за данок на добивка што вчера ги усвои Собранието, со кои до крајот на годината се пролонгира рокот до кога правните лица треба да ја плаќаат оваа давачка.
„Собранието вчера донесе закон со кој овозможи, во конкретен случај Маѓар Телеком, да не плати 10% од добивката, која сите знаат дека минатата година била најголема во историјата на Република Македонија, да не плати, туку да ги задржи за себе“, изјави Владо Бучковски, СДСМ“.
Во услови кога останатите оператори работат со загуби, Ти групацијата останува неприкосновен монопол на пазарот и непресушен извор за богатење на странските сопственици, кои откако ја купија компанијата пред 9 години досега собраа 2 ипол милијарди евра од граѓаните, на кои пак им е ограничено правото на комуницирање поради скапите импулси и високите сметки за разговори.
Владата како втор по големина акционер го штити монополот на Телеком, ја брани доминантната позиција преку директорите што на високи функции ги поставува во компанијата кои заради лични бенефити ја игнорираат состојбата тврдат познавачите.